Што се случува со претседателот Стево Пендаровски кој или заборавил што кажа минатата недела за законите за ,,Бехтел и Енка” кога објави дека ги потпишал или пак безочно лажел како со Францускиот предлог.
Иако пред 7 дена рече дека одлуката за потпишување на указот на законите поврзани со Бехтел и Енка ја донесол по консултации денеска Пендаровски тврди дека не потпишал закони кои што се поврзани со Бехтел и Енка.
Во интервју за Радио Слободна Европа на македонски јазик Пендровски вели:
,,Значи, главната причина да го потпишам Указот беше тоа што во Законот кој беше усвоен во Парламентот не постои одредба за 60-часовна работна недела. При тоа, да појаснам дека указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и Бехтел-Енка, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста”.






