Вицепремиерот Бујар Османи целосно ја збуни јавноста со неговата изјава според која Македонија треба да стави точка на влезот во НАТО и ЕУ.
“Дозволете последен пат да апелирам, во наредните десетина дена да изградиме консензус и да ги усвоиме законите кои упатуваат на државен консензус и со тоа да ставиме точка на евроатлантската иднина на земјата. Ја сум убеден дека е тоа желба на нашите граѓани, нашите гласачи, независно од која партија доаѓаат. Со тоа станува и наша обврска”, потенцираше вицепремиерот кој апелира на зрелост, одговорност и разум до сите политички фактори во државата.
Јавноста е особено изненадена затоа што Османи е еден од политичарите Албанци кои одлично го говорат македонскиот јазик во кој ставање точка значи прекин или раскрстување со нешто.





