Што сака Агелер за уставните измени: Дебата, избори или референдум?

Од најновата изјава на американската амбасадорка Ангела Агелер не може да се утврди што точно сака таа за уставните измени. Агелер вели дека граѓаните треба да ги информираат политичарите дека сакаат да влезат во ЕУ со што таа индиректно даде три начини за тоа да се случи.



Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ангела Агелер, прашана за нејзиниот став во однос на процесот за уставни измени, рече дека не е нејзино да зборува за тоа, но додаде дека граѓаните треба да ги информираат политичарите дека сакаат да биде дел од ЕУ.

„Навистина мислам дека не е мое да зборувам како се одвива процесот на уставни измени. Јас сум амбасадор на САД. Ние не сме дел од Европската Унија, но кога ја гледам границата и големиот број возила што влегуваат и излегуваат, верувам дека просперитетот и безбедноста на оваа земја лежи во нејзиното прифаќање и интеграција во Европа и многу се надевам дека политичарите од сите политички партии во државата ќе работат за негова реализација. Границата со Грција не потсетува на тешките одлуки што оваа земја веќе ги има донесено, а знам дека и ова е тешко, но ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека сакаат да бидат дел од ЕУ“, порача Агелер.

Според политичката пракса во Македонија има три начини граѓаните да го кажат својот став за одредени прашања.

Едниот начин е да се води широка јавна дебата преку медиуми или каравани на владата и партиите.

Вториот начин е да се организираат избори и граѓаните да го кажат својот став за партиите според нивните афинитети.

Третиот начин на директна демократија е да се организира референдум за тоа дали граѓаните сакаат во ЕУ.

Извесно е дека Агелер не зборува за некакво насилство преку кое граѓаните би го искажале својот став за ЕУ.

На изјавата на амбасадорката реагира ТВ водителот кој сигурно ќе се најде во прес извештајот за американската амбасада за утре

Бетмен Велит до Агелер: Ако сте демократи избори, ако не сте, пуштајте булдожери во Македонија