Од интервјуто на Кирил Петков за BBC разбравме:
1. дека бугарските политичари се борат за правата на Бугарите во Македонија,
2. дека македонските политичари не се борат за правата на Македонците во Бугарија, и
3. дека странците кога сакаат добро го разбираат проблемот“ се вели во „твитот на денот“ по интервјуто на бугарскиот премиер Кирил Петков во кое изјави дека со својот македонски колега Ковачевски има договор Бугарите да добијат исти легални права како Албанците и другите граѓани во Македонија.
Истовремено, Петков остана „нем“ на констатцијата на новинарот Стивен Сакур: „Да бидеме искрени, и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Тука се наоѓате на лизгав терен“.








