Што правел обвинителот/обвинителката од случајот Боки 13 од ноември лани до април годинава?

Цели шест месеци јавниот обвинител или јавната обвинителка бил/била цел на влијание на притворениот Боки 13.



Според јавната обвинителка Вилма Рускоска во процесот за кој се гони Боки 13 еден/една јавна обвинителка или јавен обвинител бил под влијание за да олесни положба на осомничен за криминал.

“Од ноември 2018 до април 2019, првоосмничениот, користејќи го влијанието врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување контакт на првоосмничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот”, изјави вчера Рускоска.

Јавното обвинителство ниту вчера ниту предходно не објави дали тој обвинител го пријавил случајот на влијание до соодветните институции.

Доколку не пријавил тогаш тој/таа се соочува со низа кривични дела меѓу кои и прикривање или соучесништво во кривично дело.

Според порталот Лидер обвинителот врз кој е вршено влијание за кој зборува Рускоска е шефицата на СЈО Катица Јанева но досега нема официјална потврда од МВР или од обвинителството.