Што правел лидерот на ДУИ Али Ахмети на денот кога негови луѓе противзаконски влегле и тепале вработени во најдобро чуваната македонска институција.
Ова е прашање што се наметнува откако шеф на негова партиска испостава во Чаир заедно со други членови на ДУИ влегле во МНАВ да тепаат вработени и со тоа ја загрозиле безбедноста на македонското но и европското небо.
Многумина би помислиле дека лидерот на ДУИ во таква критична ситуација кога твои соработници вршат криминал и прават сериозно противзакинско однесување го собрал врвот на партијата и заседавал со цел да се најде начинот со кој може да се излезе од кризата.
Но реалноста е сосема друга.
Еден од браќата на Ахмети објавува слика на социјалните мрежи на која се гледа дека Ахмети во весела атмосфера со роденденско капче на главата го слави роденденот со своите браќа.

Очигледно Ахмети не е многу загрижен за тоа што неговите луѓе предизвикале инцидент што може да се квалификува како тероризам.
Во исто време премиерот Ковачевски наместо веднаш да свика вонредна владина седница најавува дека тоа ќе се случи за 5 дена.
Поврзани вести






