Пред нешто повеќе од три години кога полна аферата Рекет сега осомничениот за кривично дело вредно речиси еден милион евра кој тогаш бил потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири побарал казна за тие што „давале и земале“.

Три години подоцна Зекири се најде осомничен од обвинителството дека „земал-давал“.
По претседателските избори во април 2019 година Зекири побара одговорност за функционери на СДСМ партијата каде е највисок функционер
,,Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!
Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!
Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!” – напиша потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири по изборниот ден на кој кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски помина далеку полошо од очекувањето.





