Што пишувал дописникот на “Тајмс” од Македонија под бугарска окупација

Во јуни 1941 година, англискиот новинар дописник од Софија за Британскиот весник „Тајмс“, Мајкл Падев, илегално дошол во Скопје и известувал за состојбата.



Според дописникот на Тајмс за време на Втората светска војна, во од бугарската војска окупираната Македонија, се случувал жесток македонски отпор на бугарската фашистичка окупација.

Според записите на Падев од Скопје објавени во 1968 година во Лондон како дел од докторска дисертација, бугарските фашисти поради својата загрозена безбедност вовеле полициски час кој почнувал во 19 часот и траел до изутрина.

Немало ден без борби по улиците, пишува дописникот според кого во Скопје луѓето биле многу антибугарски расположени како што биле во цела Македонија.

Падев лично сведочел на постојните вооружени напади на Македонското подземје против бугарските војници и полицајци.

За окупаторските сили не било безбедно ниту во Битола каде имало исто така жесток отпор иако за овој град Бугарите велеле дека е најбугарскиот во Македонија.

Сведочењето на Падев го објавува австралискиот новинар од македонско потекло Саша Узунов.