Што освен фервекс имало во станот каде што Мијалков бил 43 часа

Македонските власти се уште не откриваат во кој стан цели 43 часа минал во изолација екс шефот на УБК Сашо Мијалков додека го бараше цела Македонија.



Ниту Заев ниту министерот Спасовски денеска не откриваат каде бил Мијалков а нема информација дека воопшто е направен претрес на местото каде што престојувал Мијалков.

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска во пратеничките прашања го праша премиерот зошто јавноста не знае детали за Мијалков за кого Заев рече дека е бегалец.

Според законот ако премиерот смета дека Мијалков е бегалец МВР морало да направи истрага за местото и луѓето кои биле инволвирани во бегството.

Прашањето на Николовски