Што (не) му е јасно на вицепремиерот за корупција и дали му се разјасни од коментарите (ЛИНК)

Вицепремиерот за корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски се чуди зошто меѓународниот американски републикански институт објавил анкета на празникот на ВМРО-ДПМНЕ.



Николовски тврди дека според анкетата СДСМ победува, веројатно мисли на следните локални избори.

“Како анкетата на ИРИ се објави на денот на вмро не ми е јасно.
Но јасно е дека ПОБЕДУВАМЕ”, пишува генсекот на СДСМ без притоа да ги земе коментарите меѓу кои нема ниту еден со поддршка на неговата партија но има неколку што загрижуваат.

По заминувањето на екс генсекот на владата Драги Рашковски во притвор Љупчо Николовски важи за најблизок соработник на премиерот Заев тврдат партиски кругови.

Коментарите од кои дел се навредливи и не се препорачуваат за луѓе кои лесно се вознемируваат може да ги прочитате во Твитот кој Николовски не го брише иако во него има навреди на различна основа.