Што му треба на Рашковски за да сфати каде му е местото – ќотек или гушкање? (ВИДЕО)

Бившиот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој сега е во домашен притвор за корупција, има теорија за тоа кои се најдобрите методи народот да дознае каде му е местото.



Според неговата изјава дадена пред повеќе од две години на дебата во ТВ емисија Рашковски сугерира на народот да му се даде добар ќотек и добро гушкање односно да му се дадат неколку шамари за да се опамети.

Дали оваа формула се однесува на него или тој не се смета за дел од народот ќе треба да објасни самиот кога еден ден ќе излезе на слобода.