Крајно нелогичен и манипулативен твит на премиерот Ковачевски кој објавува дека организирано отишол работно да го посети училиштето во кое завршил основно образование но и покрај владиниот протокол тој наводно бил изненаден од неговата класна наставничка.
,,Работната посета на Куманово ја искористив за да го посетам основното училиште „Браќа Миладиновци” во кое што учев. Бев прекрасно изненаден од пречекот на мојата класна раководителка.
Учениците имаа многу прашања за мене, за Владата, но и за нивните интереси”, напиша Ковачевски не објавувајќи како се случило да го изненади наставничка на училиште додека со него бил и министерот за внатрешни работи.
Каква е таа работна посета на училиште и што работа завршил таму Ковачевски не кажува ама барем сега знаеме дека сигурно завршил основно образование.
Премиерот предходно се обиде да ја манипулира јавноста дека завршил на престижниот универзитет Харвард но потоа се дозна дека таму бил само на краток престој платен од компанијата Македонски Телеком каде бил вработен додека татко беше висок функционер на СДСМ во времето на Црвенковски.






