Што може да стори Груевски за да расчисти дали со Ахмети, Заев и Ковачевски работи против Мицкоски (ВИДЕО)

Што е тоа што може да го стори Груевски за да ги расчисти дилемите дали со лидерите на ДУИ Ахмети и СДСМ Ковачевски работи против Мицкоски, се анализираше во вчерашното издание на Заспиј ако можеш.



Гостин во емисијата беше Зоран Димитровски Жоро генерален секретар на Демократскиот сојуз и долгогодишен новинар кој пред три месеци објави дека луѓе од власта оделе во Будимпешта на разговори за поддршка од Груевски за уставни измени но биле одбиени.

Во емисијата во која Димитровски дава сериозна објективна анализа на судирот Мицкоски – Груевски новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски дава предлог како Груевски да го спречи раздорот во ВМРО-ДПМНЕ и да докаже дека не ширина со власта.

Момироски предлага Груевски да повика на обединување во ВМРО-ДПМНЕ, на поддршка за Мицкоски и да каже директно дали има намера да поддржи или лично да стане дел од политичките активности на Стевчо Јакимовски и Данела Арсовска.

Целата емисија на Јутјуб