Од кабинетот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат информациите во јавноста за ангажман на екс претседателот во нов политички субјект.
Од кабинетот на Црвенковски не сакаат да ја коментираат денешната изјава на Зоран Заев кој „не верува оти Црвенковски ќе формира нова партија, и дека тој не може да биде ништо друго освен СДСМ“.
Од кабинетот на Црвенковски за „Канал 5“ само кусо изјавиле дека се воздржуваат од секакви коментари на било кое прашање во јавноста.
Денеска премиерот Зоран Заев на прашање за информацијата дека Црвенковски ќе формира нова партија, истакна:
„Не верувам во приказните дека Црвенковски ќе формира нова партија. Тој не може да биде ништо друго освен СДСМ“, коментираше Заев.
Поранешниот претседател на СДСМ Црвенковски пред извесен период најави дека ќе го „замрзне“ своето членство во партијата поради изјавата на Заев за БГНЕС во која кажа „Бугарија не е фашизам, дека Југославија не разделила со Бугарија и дека имаме заедничка историја“.





