Што мака го натерала Мите Макоил да продаде на В. Груби објект најмалку 3 пати поевтино од пазарната цена (ВИДЕО)

Што мака го натерала сопственикот на деловниот простор во центарот на Скопје Мите Макоил да го продаде на В. Груби објект најмалку 3 пати поевтино од пазарната цена.



Пазарната цена на овој објект на улица Македонија е најмалку половина милион евра а според изјавата на вицепремиерот Артан Груби на Само интервју на Канал 5 за негово купување неговиот брат Ветон земал кредит од 100 илјади евра.

Од изјавата може да се донесат два заклучоци.

Едниот е дека Ветон Груби објектот го купил за парите од кредитот односно за неверојатни 700 евра по квадрат иако пазарната е најмалку 3 пати поголема.

Ова сценарио отвара сомнеж дека сопственикот на просторот имал други засега непознати причини за продажба по цена од која што загубил најмалку 300 илјади евра.

Другото сценарио е дека братот на вицепремиерот земал кредит од 100 илјади евра а другите најмалку 400 илјади евра ги платил во кеш или на друг начин што е причина државните институции, пред се Антикорупциската комисија да изврши проверка на трансакцијата и купувањето на објектот на член на семејството на вицепремиерот.

Дилемата за овие прашања ја поставува профил на Твитер кој во кулоарите е познат како близок на западни амбасади во Скопје чиј приоритет е борба против корупција и криминал:

Прашање на неделата:

❓ Зошто Мите Макоил би му продал на Ветон Груби дуќан од 127м2 по цена од 700€ – 1000€ по квадрат ?

Во зградата Макотест има вкупно 25 имотни листови:
• 24 се во сопственост на“ОИЛ Продукт” – фирмата на Мите и Елена и
• 1️⃣ продаден на Ветон Груби, пишува во твитот кој имплицира дека сопствениците на деловниот простор кој го купил Ветон Груби од непознати причини загубиле огромни пари.