Што кријат македонските тајни служби од Омбудсманот (ВИДЕО)

Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање одбиваат секаква соработка со Народниот правобранител, вели шефот на оваа институција.



Народниот правобранител Насер Зибери вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека имаат поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства…

„Имаме претставки и за работата на носителите на јавни функции, нема да кријам, дека со одредени ресори соработката оди тешко. Се разбира не за сите области и за сите проблеми, но за одредени прашања да“, вели Зибери.

Народниот правобранител ги посочи и Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, за кои вели дека имаат крајно некоординирана активност, односно целосно се затворени кон барањата на Народниот правобранител.