Според екслидерот на Либералната партија, Ивон Величковски, во редовна и нормална состојба поради направениот хаос и грешки министерката за образование Мила Царовска веќе ќе беше поранешна министерка.
“Во “нормална нормалност”, оставката на Царовска ќе беше веќе прифатена.
Во “новава нормалност” барањето нејзина оставка ќе предизвика нова тура интервјуа и “слаткасти” фотографии”, пишува Величковски откако десетици илјади македонски ученици и покрај едномесечното доцнење на учебната година нема да можат да следат настава на соодветен начин.




