Што ќе остане од Македонците ако им го одземете името – NT пред 27 години

Американски официјални претставници во 1995 година сметале дека ако Македонците попуштат пред барањата на Атина и го сменат името тие ќе останат без обединувачки фактор и би изгледале слабо прес своите соседи што вршат притисок врз нив:



„…ако им го одземете името, што имаат Македонците? – Го одземате го тоа што ги обединува… со оглед на притисокот од Албанија, Србија и Бугарија, тие би им изгледале слаби пред соседите доколку и попуштат на Грција“, вели висок официјален претставник на американската администрација пред 27 години за весникот Њујорк Тајмс.

Текстот од весникот објавен во 1995 година кој се наоѓа во Претседателска библиотека на САД а е од времето на Бил Клинтон го објавува австралискиот новинар и истражувач Саша Узунов кој има македонско потекло.