Кој колку ќе троши толку и ќе плати, само тие што ќе трошат недомаќиски ќе платат по повисоки тарифи. Ова е една од дефинициите која во последниве неколку дена се почесто се слуша во јавноста.
Станува збор за новите тарифни модели кои се подготвуваат во Регулаторната комисија за енергетика. Веќе се оддржаа две јавни дебати. Експертите, професори од областа на енергетиката кои беа задолжени за изработка на новите правила ги презентираа пред јавноста. Ќе мора да се оддржат уште неколку такви собири бидејќи се уште има нејаснотии, дел од засегнатите страни имаат различни предлози, а дел не се согласуваат со предлог тарифите. Како и да е, овие нови тарифни блокови имаат за цел оптимално користење на стујата во време на оваа енергетска криза.
Засега, по двете јавни дебати за тарифните модели ќе треба да се реши дали ќе има три или четири нивоа на потрошувачка на електрична енергија. Експертите се поделени и секој со свој аргумент. Збунувачки за граѓаните е и тоа што првичните пресметки се правени со цени на електричната енергија која важи од јануари годинава па до крајот на овој месец. Тоа им даде за право на експертите да објават дека на тој начин на дури 80 отсто од домаќинствата сметките ќе им беа пониски, но сега кога е се поизвесно дека цената на струјата ќе расте, експертите велат дека тарифите помалку ќе ја зголемат цената за тие што подомаќински ја користат.
Линк до целиот текст.






