Министерот за здравство воопшто не го допираат илјадниците катастрофални коментари што последниве денови ги добива на своите постови на социјалните мрежи.
На своето вечерашно интервју за Сител тој не покажа никакво каење или лична одговорност за смртта на 3400 луѓе ниту за пеколот што го минуваат стотици заболени за да дојдат до кревет за кој најодговорен е Филипче кој тврдеше дека се е под контрола.
Некогаш за него владините пропагандисти организираа аплаузи и му го кренаа рејтингот над 60% за сега на неговот Твитер и Фејсбук профил да има само по неколку коментари со поддршка и тоа од таканаречените партиски ботови чија работа е да стават лајкови и позитивно коментари кај него, Заев, Шеќеринска и другите во СДСМ.
Наспроти нив на секој пост на Филипче има буквално илјадници коментари со критики, клетви, желби да си замине, и други пораки кои добиени во толку голема бројка секој човек ќе го натераат да се замисли.
Но не и министерот кој на својот последен твит за 3 часа има само 3 лајкови.

Пораките што ги добива Филипче не се на партиска основа.
Меѓу коментаторите има и таканаречени партијаши но најголем број се обични луѓе кои предходно дури го поддржувале или му ставале и “лајкови” на министерот.
Тој пак на денот кога има 35 мртви од кои најмладиот е 33 годишен во своето интервју зборува за тоа како се однесува ВМРО-ДПМНЕ а не кажува ниту збор за својата лична кривична или морална одговорност.
Kовид состојба 27.03.2021
Новозаразени: 1.320
Тестирани: 4.738
Оздравени: 514
Починати: 35Вкупно дијагностицирани: 126.230
Вкупно оздравени: 104.345
Вкупно починати: 3.642
Активни случаи: 18.243 pic.twitter.com/oUkIrtrGgC— Венко Филипче (@VFilipche) March 27, 2021
Што е тоа што совеста на Филипче ја држи недопрена од маките на неговиот народ може само да се погодува.
Зошто еден од најспособните неурохирурзи во регионот не покажува никаква емоција за околу 3400 досега починати луѓе од кои најмалку 1000 починаа откако светот почна да се вакцинира, не може да остане тајна засекогаш.
Без разлика дали тајната на безчувствителноста на Филипче е скриена во Струмица, Идризово или Водно таа засега му помага да не размислува да ги слушне апелите на неговиот народ.
До кога никој засега не знае.
Какви коментари не успеваат да ја разбудат совеста на Филипче на овој негов денешен Фејсбук пост:
https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2650913678548982/






