Американската амбасада преку реакција за порталот 360 Степени на Алсат М јавно се извини за повлекувањето на извештајот на корупцијата во контекст на климата за инвестиции во Македонија и објасни дека се работело за нецелосен извештај.
Од амбасадата не објаснуваат како е можно извештајот да биде објавен од страна на Стејт Департментот во Вашингтон како нецелосен иако процесот на одобрување на извештајот опфаќа неколку нивоа и речиси е невозможно тој да не бил целосно проверен од неколку инстанци пред да биде ставен на официјалната веб страна на владата на САД.
Од таму тврдат дека се работи за грешка и си тоа ја исклучуваат можноста повлекувањето и промената да се направени поради политички притисок од страна на владата на Заев која со првата верзија на извештајот беше практично прогласена за корумпирана и неспособна.
Иако и со втората верзија владата на Заев е главниот виновник за катастрофалната состојба со корупцијата во Македонија сепак се гледа дека во неа се прави обид да се балансира работата и дел од вината да се префрли на владата на Груевски кој веќе 6 години не е на чело на Владата.
Во новата верзија на извештајот, невообичаено за американски прилики, во воведниот преглед на извештајот се споменуваат ставови на “некои невладини организации” според кои владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото создала услови за корупција но не се кажува кои се тие неименувани “некои” невладини организации.
Во прегледот не се наведува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија беше десетици места подобра според индексот на корупција на Транспаренси интернешенел.
За разлика од првата верзија на извештајот каде во воведот се споменува рекордно високото 111 место на листата на корумпирани држави според Транспаренси интернешнл, во новата верзија на извршниот преглед оваа оваа катастрофална позиција на владата на Заев воопшто не се споменува.
Споредбата што ја прават активисти на социјалните мрежи покажува дека цели три дена по објавувањето извештајот од крајно штетен за Заев е модифициран во избалансиран со обид за поголема штета за ВМРО-ДПМНЕ иако оваа партија веќе петта година не ја води владата.
Старо | Нова
В Е Р З И Ј А1/1
—
пс дочекав @USEmbassySkopje да ги заменат фактите од корупцискиот индекс за 2020 со “трач муабети на некои НВО кои мислеле дека поранешната влада на Груевски овозможила услови за корупција 😂 pic.twitter.com/kqh9sqrc2c— Демир (@Trollowsky) July 10, 2021
Што објави амбасадата за извештајот.
Амбасадата на САД се извини: Повлечениот извештај за корупција во владата на Заев бил нецелосен






