Што им помогна советникот на Заев на Димитров и Османи во Париз

Шефот на Собраниската Комисија за надворешни политика Антонио Милошоски бара одговори од министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи по посетата на Париз.



Милошоски сака да дознае детали за нивната соработка со еден од најскапо платените советници на премиерот за кого Заев рече дека го плаќа за да прави контакти со дипломатскиот дел од кабинетот на претседателот Макрон. Според Заев во кабинетот на Макрон имало недоволно информации за Македонија и затоа бил потребен советникот Зафировски.

„Почитувани Бујар Османи и Никола димитров (@Bujar_O и @Dimitrov_Nikola) молам за одговор на колку средби од вашата посета на Париз присуствуваше советникот на @Zoran_Zaev, Љупчо Зафировски и истиот со кои дипломати од кабинетот на Макрон (@EmmanuelMacron) ви овозможи средби?“, прашува Милошоски кој како шеф на комисијата за надворешна политика во Собранието има надележности во надворешната политика.

Владата, и кабинетите на Османи и Димитров во информациите до јавноста за посетата на Париз воопшто не го споменаа за јавноста непознатиот Љупчо Зафировски за кого Милошоски откри дека земал поголем хонорар од министерот Димитров кој донива 1100 евра месечна плата.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера не успееа да се сретнат во високи личности во француската дипломатија.

Тие имаа одделни средби со државниот секретар за европски прашања, Амели де Моншален од француското Министерство за надворешни работи и со Клеман Бон, советник за Европа во кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Која од овие средби ги договорил Зафировски засега не открива никој.