Поранешенио министер за Финансии Џевдет Хајредини, во емисијата „Што не е јасно„ на Алфа телевизија изјави дека вицепремиерот Артан Груби покажува моќ благодарение на премиерот Заев кој му дал дел од „бомбите„ кој премиерот ги поседуваше.
Хајредини истакна дека Груби поседува телефонски разговори и од кадри на ДУИ и со тоа ги држи во раце, а исто така напомена и дека ако некој се закачи со првиот вицепремиер тој користел и други методи.
-Заев му дал бомби на Груби и затоа тој се прави силен и никој ништо не му може. Тој може и со сила да го избрка генералниот секретар на Владата и нкому ништо, а со тие бомби Груби ги држи во раце и кадрите на ДУИ бидејќи тој има дел бомби и од нив. Има и други факти дека ако некој се закачи со Груби има и други последици а затоа имаше и пример – рече Хајредини.





