Можат ли да одговараат судиите кои не дадоа притвор на осомничените и овозможија повторување на дело и влијание на осомничените врз сведоци сведоци за инцидентот во МНАВ.
Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои одредија мерка на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ а не и притвор. Осомничените со ваквата одлука на судиите, добија забрана да го напуштат живеалиштето, одземени им се пасошите и треба повремено да се јавуваат во судот. Забрането им е и да комуницираат со оштетениот и меѓу себе. Засега нема објаснување зошто е одбиен предлогот на Обвинителството да добијат притвор. Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката.
Меѓу тие што сметаат дека судиите Крстиќ и Пајазити работеле спротивно на законот е и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој дава анализа на што го темели неговиот став.
,,Имам правна и логична недоумница што мислам дека искусните правници ќе можат да кажат дали има основ или не.
Судијава што не им дал притвор на напаѓачиве очигледно е близок до ДУИ и сѐ им било договорено однапред.
Дали според ова подолу има основ за барање на разрешување на овој Судија? Јас мислам има.
Е сега, согласно Закон за судови, член 74, став (1), алинеја 2 вели: Судијата се разрешува од судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон.
А, оттука, законот, односно член 76, став (7), вели: Нестручно и несовесно вршење на судиска функција е доколку истиот намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка, при што различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување на одговорност на судијата.
Следејќи го случајов, очигледно Судијава постапил намерно со тоа што не им дал притвор и им дал на напаѓачиве да се бранат од слобода, со мерки на претпазливост. Двајца од напаѓачите што вчера со лисици ги влечеа пред камери ќе можат да одат на работа, токму во М-НАВ, институцијата што ја нападнаа. Ако можат да бидат присутни таму, тоа значи дека може да го повторат делото и да влијаат врз сведоци. Мерка притвор се изрекуваше нели токму да се спречат овие работи?
Бидејќи овој пропуст го направил Судијата на ДУИ, по логика на нештата и те како има основ да биде разрешен од позицијата Судија и да биде пратен да продава петарди на Бит Пазар со Дрин Ахмети.
Сепак, стручни лица треба да кажат дали ова има логика или не.
И викате ДУИ и ВЕТИНГ во правосудството заедно одат, а?
И ДУИ вика да не се меша политика во нивново кошкање за приватен проблем, а?
Доверба на статистичка грешка во правосудство”, пишува Арсовски.






