Самитот за Западен Балкан во Словенија не само што не донесе ништо ново за почетокот на преговорите на Македонија со Европската унија, туку постави и нови услови. Бугарија бара да се потпише нов Протокол во кој се поставени 5+1 точки, во кој едно од барањата се и внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, но и како што истакна бугарскиот претседател Румен Радев, за историската вистина, што ќе значи откажување на македонската историја.



Дали тоа значи и откажување од македонското малцинство во Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска во објава на Феејсбук во која вели:

„Следно што ќе биде? Ќе побараме да се укинат пресудите на Европскиот суд за човекови права против Бугарија во врска со македонското малцинство затоа што е тоа мешање во внатрешните работи на Бугарија?

Реципроцитетот токму заради тоа и постои. Затоа што во некоја држава на внатрешен план некое прашање не е уредено на начин кој ги задоволува барањата на другата страна“, пишува професорката на својот фејсбук профил.