ЕК денеска објавува три документи, стратегија за проширување, чиј составен дел се извештаите за напредок за Македонија, но и за останатите земји меѓу кои и Украина.



Годинашниот извештај за напредок е прв откако Македонија ја почна првата фаза за почеток на преговори со скринингот кој е во завршна фаза.

Владата на СДСМ и ДУИ ја добива најцрната оценка од ЕУ во историјата на годишните извештаи

Како што беше најавено на минатонеделната посета на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во два документи се објаснува и како ќе се спроведува планот за раст со кој Македонија и земјите од Западен Балкан треба да добијат пристап кон седум области од европскиот единствен пазар и шест милијарди евра за поттикнување на економскиот развој.