Косовскиот премиер Курти вчера е снимен како излегува од вечера на која бил врвот на СДСМ и потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.
Партиски извори тврдат дека од Курти не се барало политичка поддршка за изборите и велат дека се работи за средба меѓу сестринските социјалдемократски партии СДСМ и Самоопределување но немаат објаснување зошто на вечерта бил и министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ.
ДУИ се деклалира како Зелена партија но не е член на ниту една европска групација како социјалдемократската каде што е СДСМ и каде Радмила Шекеринска е еден од потпретседателите.
Предходно во Приштина, според некои извори со барање Курти да влијае на албанската опозиција да нема свој кандидат за претседател, заминаа претседателот Пендаровски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ и вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Средбата се случила во ресторанот Стара Куќа во Скопје.
Видеото го објавува порталот Република






