Што би направил Апасиев ако е претседател, премиер, лидер на опозиција или обвинител

Професорот Димитар Апасиев објаснува што би направил да е на местото на Иванов, Заев, Мицкоски или јавниот обвинител.



Тој често добивал пораки во инбокс, со прашање од типот: „А ШО БИ НАПРАИЛ ТИ АКО СИ…“ и за да не одговара поединечно, објаснува во кратки црти:

Ако сум Џоле Иванов – Претседател на Републиката би напраил следно:

а) Повторно ќе ги активирам аболициите за сите 50 криминалци, со што би ја минирал работата на СЈО, бидејќи и така веќе е очигледно дека е пазарено никој да не лежи, па кад је бал нек је маскенбал,

б) Ќе поднесам контрапредлог на владиниот за промена на Уставот на РМ, со цел одолговлекување на процедурата,

б) Ќе се обратам со жесток говор на пленарна седница во Собранието на РМ, за да остене во стенограмите кој на чија страна бил,

в) Ќе поднесам предлог до Уставниот суд на РМ за да го реши судирот на надлежности , при потпишување на т.н. Преспански договор од страна на министерот-узурпатор,

 

Ако сум Христијан Мицкоски – лидер на најголемата парламентарна опозициска партија

а) Би повикал на радикализација на ситуацијата и парализа на државата со 200.000 демонстранти пред Собрание;

 

б) Би им дал наредба на сите пратеници да прават невидени скандали на седниците на Собранието (процедурални интервенции, тропање по маси, тавчиња, тенџериња и слични иновативни техники).

 

Ако сум овој анонимусов шо е Јавен обвинител на РМ шо не го знам како се вика:

а) Би отворил итна истрага за поткупт на пратеници и евентуалните закани за да гласаат,

б) Би повел постапка за кривично дело Саботажа против 80те пратеници, бидејќи свесно гласаат против Референдумската одлука од 1991 – што е недозволено во правото и подлежи на кривичен прогон.

 

Ако сум Зоран Заев – Премиер на РМ
a) Би си дал неотповиклива оставка од функцијата,

б) Би се самоубил!

б) Би го одолговлекувал процесот со процедурални финти и амандмански филибастеринг,
до  недоглед,