Што ако #Германија побара од #Франција да си го смени идентитетот и каже дека има германски корени и во историските учебници да напише дека германската окупација била ослободување -само за да добие парична награда.
Ова прашање го поставува лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов испровоциран од уцените од Бугарија за Македонија.
“Бугарија и го прави ова на #Македонија. Патем, ЕУ не е награда”, порачува Николов кој апелира сите Македонци да се обединат за да можат да го вратат името сменето со Преспанскиот договор.





