МАКЕДОНИЈА
с
Откако шефицата на СЈО пет дена ја нема во јавност во моменти кога во земјавата се шират секакви шпекулации околу скандалот „Рекет“ во кој се споменува и нејзиното име, опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашува каде е и што ѝ е на Катица Јанева.
„Катица Јанева веќе петти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева.
Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?“, велат од опозициската партија.





