Насилниците кои тепаа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда во Штип, а насилството го снимале на мобилниот телефон денеска пред судот признаа вина.
Нивниот бранител, Валентин Зафиров по денешното судско рочиште во штипскиот Основен суд истакна дека имале фер судење, а очекува и фер пресуда.
Неговите клиенти, пак, биле подготвени да ја обештетат тепаната девојка, а ветиле дека во иднина нема прават вакви или слични кривични дела.
Адвокатот се надева дека притисокот од јавноста за овој случај нема да влијае, а судијата одлуката ќе ја донесе во рамките на она што се случувало во судницата.
На 30 април е закажано рочиште за објавување на пресудата. Адвокатката на оштетената очекува строга казна без оглед на тоа што обвинетите ја признале вината.





