Поголем дел од пекарниците во Штип вчера ги зголемија цените на лебот за 5 денари и место 25 се продава по цена за 30 денари.
Од денеска цените ќе ги зголемат и останатите пекарници во Штип, а ги има десетина.
Нови цени најавиле и пекарниците од соседните градови Пробиштип, Кочани и Виница кои пласираат леб во Штип. Продавачите добиле упатства да ги информираат потрошувачите дека веќе имаат нови цени на лебот.
Пекарниците најавуваат и нови цени на белите печива, дознава Инфомакс







