„Двајца здравствени работници од одделенијата за Инфективно и Физикална медицина од штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19, информираше на денешната прес-конференција директорот, Ален Ѓеорѓијев.



Според него, во изолација досега се две докторки, три медицински сестри и еден лаборант, вели Ѓеорѓијев.

Прашан дали заразата ја добиле во болницата или во контакт со некој од зразените од познатиот текстилен кластер, Ѓеорѓијев вели дека тоа е работа на епидемиолозите кои треба да кажат и не може во моментов да се трврди како се пренел вирусот.