Јавното претпријатие за државни патишта најави тендер за проектот за инсталација на електронски систем за наплата и изградба на три нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.
Европската банка за обнова и развој очекува постапката да започне на 28 декември.
Станува збор за заем од 13 милиони евра за финансирање на надградби во системот за патарина на коридорите 10 и 8, а ќе се градат три нови патарини, од кои две на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид.




