По шпекулаациите во некои грчки медиуми дека македонската страна на денешната средба во Виена се согласила на некои уставни измени, реагираше шефот на македонската дипломатија:



„Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави“, напиша вечерва на Твитер, министерот Никола Димитров.

Во изјавата за македонски медиуми денес по средбата со грчкиот колега Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц, министерот Димитров оцени дека бил направен „условен напредок“, бидејќи „како одиме напред  доаѓаме до потешките прашања“.

И од грчкото МНР негирале дека од македонска страна била изразена подготвеност за уставни измени.