Поради технички проблеми околу подесувањето на броилата на корисниците, дневната евтина тарифа, која што беше најавена од 1 јули, засега излегува од игра.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) прави напори со цел да се изнајде решение за подесување на броилата што поскоро и да не се чека една година за да се врати дневната евтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата.
Првиот човек на РКЕ е дециден дека евтина струја ќе има, но тоа ќе зависи кога ЕВН ќе успее да ги прилагоди броилата на корисниците на новите цени.
„Во овој момент имаме сериозно разијдување за колкав временски период можат да се надминат тие технички проблеми со софтверот“, вели Бислимовски
Целта е што е можно повеќе граѓани во ист момент да ја користат евтината тарифа за да нема жалби и поплаки зошто некој има, а друг нема…







