Штедачите во „Еуростандард банка“ кои имаат повеќе од 30.000 евра на сметките повикуваат на обединување за да се организираат и да се претстават пред сите домашни и меѓународни институции со еден претставник, пренесува Плусинфо.
„Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаме дека ние 780 штедачи мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле“, велат дел од нив кои денеска упатија апел до медиумите да го објават нивниот повик.






