Здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банка поднес иницијатива за носење на закон за целосно обештетување и барање до политичките партии во Собранието да го изгласаат истиот во најскоро можно време.
„На тој начин пратениците ќе покажат дека се грижат за своите сограѓани и фирми кои ги плаќаат да ги заштитат од злоупотреби и неправди и дека работат во нивни интерес односно да го заштитат обичниот народ од грабежот на големите капиталисти“, велат од Здружението.
„На потег се народните избраници – пратеници во Собранието како законодавен дом да го изгласаат предлог законот за целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти на Еуростандард банка, а потоа државата да
наплати од стечајната маса“ – велат од Здружението.






