Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја откажа посетата на Киев планирана за денеска од безбедносни причини, потврдија од неговиот кабинет.
Според весникот Bild, откажувањето дошло по препорака на министерството за надворешни работи, како и министерството за внатрешни работи и безбедносните агенции.
Според пишувањето на Bild, откажувањето на посетата на Штајнамаер предизвикало нервоза во Киев.
Портпаролот на украинската влада изјавил за весникот дека „додека претседателот ја откажува својата посета, многу меѓународни дипломати и гости“ наводно сакат „во моментов“ да го посетат Киев.
Штајнамер планираше да го посети Киев во април, но украинската страна го одби обвинувајќи го дека во минатото имал блиски односи со Русија. Тој во текот на својот прва мандат во 2018 година во екот на заострувањето на односите меѓу западните земјите и Москва, порача дека Западот „не треба да ја смета Русија за непријател“.
Меѓутоа, во јули годинава Штајнамер во една пригода изјави дека „војната на рускиот претседател Путин во Украина е и војна против европското единство“, по што односите со Киев беа подобрени.






