Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигнува во дводневна официјална посета на Македонија.
Директорот на компанијата „Слобода превоз“, вчера соопшти дека поради посетата на високиот гостин, ќе биде ставен во мирување протестот на приватните превозници кои вчера го блокираа градот.
„Ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок“, изјави Ленин Јовановски.
Инаку, посетата на Штајнмаер ќе биде фокусирана на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресија вбрз Украина и постојаната поддршка на Германија за перспективите на Македонија за влез во ЕУ.
Ова е прва посета на претседателот на Сојузна Република Германија Штајнмаер на Северна Македонија.
Гер,анскиот претседател ќе има средби со македонскиот колега, Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а тој треба да се обрати и во Собранието.







