Франк-Валтер Штајнмаер најверојатно ќе биде реизбран за претседател на Германија на денешните претседателски избори.
Неговата кандидатура беше објавена пред месеци а го поддржуваат главните партии во земјата – Социјалдемократската партија на Германија, Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната унија, Зелените, Слободната демократска партија.
„Алтернатива за Германија“ го номинираше Макс Оте за функцијата шеф на државата, Левицата – Герхард Траберт, Слободните гласачи – Стефани Гебауер.
Сепак, според локалните набљудувачи, тие немаат шанси да победат.
За да победи уште во првиот круг , на Штајнмаер му треба апсолутно мнозинство од 1.472-членото Федерално собрание. Ако се стигне до трето гласање, доволно е просто мнозинство.






