Штабот на Вескоски ги презентира петте столба на програмата „Најдоброто за Карпош“

Изборниот штаб на Општина Карпош ја презентираше програмата на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Душко Вескоски.



„Запознајте се со деталните планови предводени од кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и петте столба на кои се потпираат следните 4 години“.

Петте столба на кои се потпира нашата програма:

1. Хумана урбанизација

· Градење плански со заштита на јавниот интерес согласно со уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост;

· За секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини;

· Не може да има нови градба без соодветно сообраќајно решение и доволно паркинг-места.

2.Зелена агенда

· Во овој мандатен период да се заврши терцијарната мрежа за гасификацијата да стигне до домовите на граѓаните;

· Инвестирање во алтернативни извори на енергија;

· Фотоволтаици на покривите на јавни објекти;

· Изградба на модерни депонии што ќе го преработуваат отпадот во енергија;

· Субвенции за електрични тротинети, велосипеди…

3.Економски развој

· Инвестиции од централната власт;

· Промена на даночни политики за сопственици на повеќе недвижности – најавата на Град Скопје за зголемен данок за недвижности што не се користат;

· Сервисирање долгови, укинување на парафискални давачки, социјални трансфери;

· Поддршка на претприемаштвото и отворањето нови бизниси преку микромапирање на потребите на граѓаните во одреден реон, маало…

4.Мој градоначалник

Дигитален систем за непосреден контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и партиципација на нивни претставник во кабинетот на градоначалникот.

5.Инфраструктурни инвестиции – Држава без кал

· 80 милиони евра преку Светска банка што ги реализира МФ за изградба на локални патишта;

· 45 милиони и ТАВ за водоводна и канализациски мрежи во општините;

· Атмосферска канализација;

· Реконструкција на полски патишта;

· Изградба на велосипедски патеки.