Откако уште неколку лица подлегнаа на повредите, бројот на жртвите во координираните бомбашки напади во неделата во Шри Ланка за време на католичкиот празник на Велигден се искачи на 310 мртви, а повеќе од 500 беа повредени, соопшти полицијата.



Најмалку 31 странец  меѓу загинатите,  по 14 се уште се трага и се стравува дека се меѓу загинатите.

Денеска во Шри Ланка е прогласен ден на жалост.

Никој с’е уште не ја презеде одговорноста за нападите, но портпаролот на Владата и министерот за здравство, Рајхит Сенаратни, ја обвинија муслиманска група Национален Таухет Џамаат – НТЈ за крвавите напади.

Портпаролот на полицијата, изјави дека 40 лица се уапсени во врска со нападите.

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, вчера објави воведување на вонредна состојба, со што безбедносните сили добија посебни овластувања, вклучувајќи го и правото за пребарување и апсење на поединци.