Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер(1998-2005) жестоко ја критикуваше американската трговска политика и повика на приближување на Германија со Кина.
„Кога ги гледам постапките на американскиот амбасадор во Германија, имам впечаток дека тој повеќе се гледа себе си како офицер за окупација отколку како амбасадор на САД во суверена држава“, вели 74-годишниот Шредер кој во моментов е претседател на одборот на проектот „Северен поток“ на компанијата Роснефт.
Во оваа ситуација, Германија мора да бара сојузници со слични интереси. Се разбира, тој мисли на Кина, пишува „Ди Велт“.
„Не можеме да застанеме на страната од американскиот трговски спор со Кина, туку мора решително да ги исполниме нашите извозни интереси на кинескиот пазар“вели Шредер.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина за нефер трговски практики вознемирен од големиот дефицит во трговијата со Народна република. Раководството во Пекинг ги отфрла обвинувањата и ги обвини САД за „трговска тиранија“.
Американскиот трговски спор со Кина, ги погодува и германските компании. Шредер ја предупреди федералната влада да не ја одвлекува Германија од кинеските инвеститори.
„Имаме голем број инвеститори чии индустриски интереси се далеку посомнични од оние што доаѓаат од Кина”, рече Шредер според кој кинеските инвеститори носат барем еден пазар, што е нешто што не може точно да се каже за финансиските инвеститори, таканаречените ‘скакулци’“.
Германската федерална влада моментално води очајна борба против протекционистичките струи во САД. “Затоа треба да избегнеме нешто што нè става во слично лошо светло, кое не може да ни помогне”.





