„Шќип медија“: Се чека реакција на Груби за судењето за кокаинот на неговиот советник

Порталот „Шќип медија“ (Shqip Media) јавува дека советникот на Артан Груби, пејачот Шпат Касапи, бил фатен со дрога од типот кокаин (2 мали пакувања) пред 1 месец во населбата Ѓорче Петров во близина на СП ПЛАНЕТ.



Порталот се повикува на написи на македонските медиуми.

Shqip Media пишува дека Касапи е уапсен и против него се поднесени соодветни пријави. Тој бил ослободен, но судењето ќе започне наскоро, пишува порталот кој вели дека сега јавноста треба да ја почека реакцијата на вицепремиерот Артан Груби на овој скандал.