Притисокот врз Бугарија е огромен и доколку не се реши скандалот со шпионажата со тројца Бугари приведени во Велика Британија, тоа може да влијае на прифаќањето на Бугарија во Шенген, изјави за БТВ поранешниот министер за одбрана Велизар Шаламанов.
Тројцата Бугари уапсени во Велика Британија под сомнение за шпионажа за Русија се претставувале како новинари за следење цели во Лондон и Европа, пишува Тајмс.
Скотланд Јард пронајде лажни прес-картички за Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова, кои се меѓу петтемина уапсени во февруари.
Контраразузнавањето МИ-5 информацијата ја пренел на полицијата.
Шаламанов вели дека службите и Државната агенција за национална бебедност (ДАНС) треба да соработуваат кога и каде се регрутираат Бугарите приведени за шпионажа, пренесуваат медиуми.
Според Шаламанов, британските служби ќе си ја завршат работата, а на бугарските им порача: .
„Преземете мерки и решете го прашањето за навлегувањето на руското влијание во нашите институции, бидејќи тоа не прави несигурна земја и не можеме да бидеме рамноправни со процесот на одлучување во НАТО“, инсистира поранешниот министер за одбрана.
Поранешниот заменик министер за надворешни работи Милен Керемедчиев посочи дека Бугарија нема контрола врз изборите во странство и луѓето кои ги организираат. Очигледно е дека има руско мешање во изборните процеси во Бугарија.
Според Керемедчиев, руските служби избираат луѓе на средно социјално ниво, и такви кои лесно можат да влезат во бугарските заедници во Велика Британија.






