Суд во Рим му изрече на италијанскиот поморски офицер Валтер Биота казна од 20 години затвор за шпионирање во полза на Русија, јавува италијанската агенција  АНСА.



Според агенцијата АНСА, 58-годишниот Биота бил фатен во март 2021 година. Тој на воено аташе во руската амбасада во Рим во замена за 5.000 евра му дал USB со документи од коиј 47 биле означени како „тајни“, 57 – „доверливи“ и девет – „многу доверливи“.

Претходно, во март 2023 година, воениот трибунал во Рим го осуди Биота на 30 години затвор; но казната беше намалена по ревизија на поротата. „Стигнавме од 30 години на 20 години… И ова е само почеток“, изјавил адвокатот на офицерот.