На насловната страница на највлијателниот германски неделник „Шпигел“ се наоѓа анимација со среден прст на кој е поставен лик што потсетува на Доналд Трамп и наслов „Збогум Европо“.
Внатре во весникот е објавен текст со наслов „Време е Европа да се придружи на отпорот“, во кој се вели дека Трамп е успешен само за уривање во контекст на нуклеарниот договор со Иран и договорот за климатските промени.
Контраверзната насловна е објавена еден ден откако канцеларката Меркел изјави дека Европа веќе не може да смета на САД и дека мора работите да ги земе во свои раце.
Лани „Шпигел“ во друга насловна Трамп го прикажа како метеор кој паѓа на земјата пред да експлодирa.





