Шпигел: Генерал бара воено писуство на НАТО во Бугарија и Романија

Висок генерал на НАТО предложил Алијансата да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија по „трупањето“ руски војници во близина на границата со Украина, објави германскиот весник „Шпигел“.



Весникот пишува дека предлозите дадени од Тод Волтерс, врховниот командант на НАТО во Европа, ефикасно ќе ја прошират мисијата за зголемено гранично присуство на Алијансата, која распореди трупи во балтичките земји и во источна Полска.

Весникот наведува дека има „информации“ дека Волтерс „повикал на засилување на НАТО на источната граница“ за време на видео-повикот со командантите на „земјите партнери“.

Се додава дека планот во пракса ќе го „прошири присуството на НАТО (во Романија и Бугарија) преку засилена мисија на напредното присуство“. НАТО одби да ги коментира информациите на Шпигел.