Според информациите на Шпигел, САД ги предупредиле сојузниците во Европа дека се стравуваат од руски напад во среда.
Американските разузнавачки служби упатиле најитно предупредување до сојузниците во НАТО за неизбежен руски напад врз Украина.
Според информациите на „Шпигел“, и американската тајна служба ЦИА и американската војска во петокот ја известиле федералната влада и другите држави на НАТО дека, врз основа на новите информации, постојат стравувања дека нападот би можел да се случи веќе следната среда.
Според неколку дипломати и воени претставници, САД дале многу детали за тајните брифинзи. Конкретно беа опишани правците за руската инвазија, како и поединечните руски единици и какви задачи требаше да преземат.
Како можен датум за почеток на инвазијата бил даден 16 февруари.
Временската рамка околу средината на февруари долго време се сметаше за веродостојна. Меѓутоа, упатените веруваат дека е можно САД намерно да ја шират информацијата за да ги „торпедираат“ руските планови за напад, пишува Шпигел.






